Роза и месечина

Јас бев роза,
ти беше трн.
И заедно ја красевме градината.

Јас станав јаболко,
ти- цимет.
И заедно ја намирисавме атмосферата.

Јас пак се претворив во роза,
но, ти стана месечина.

И толку од нашата убавина.

Comments

Popular Posts