(На)Враќање
Една клупа, езеро и зајдисонце,
ти- птица,
јас- глуварче,
му исполнувам желби на ветерот,
а и тебе.
а и тебе.
И заедно пловиме по етерот,
во море од полен
и капки роса,
во море од полен
и капки роса,
нишајќи се по брановите,
и промената на нивната
фреквенција.
и промената на нивната
фреквенција.
Турбуленција.
Ноемвриска магла во Скопје.
Кисело ми се насолзија очите.
Од маглата,
или од спомените?
или од спомените?
Comments
Post a Comment