Романтичрот

Колегијално дружење на пресек
меѓу утрото и ноќта,
во темниците, со мислите
и бурната имагинација,
со фикс идеи
за нивна реализација.

Креативно изразени умови
од wanna-be поети,
опиени од кофеин
и испиени од умор,
со веќе прекршени,
правила за (не)морал
и букети од веќе одамна
мртви цвеќиња.

Знаете, за „извини“,
во превод „паѓаш на романтика“,
и паѓаш,
на романтика, и на букети,
а, цвеќиња сепак има во секоја
цвеќара.

Comments

Popular Posts